Необичен рецепт кој ќе го обожавате!
Состојки:
- малку путер + 40 гр путер
- 3-4 кроасани
- 60 гр брусница
- малку виски
- 60 гр суво грозје
- 2 јајца
- 40-50 гр шеќер
- ванилин екстракт
- малку мускатно оревче
- малку цимет
- 500 мл млеко
- 250 мл слатка павлака
Начин на подготовка:
- Исцепкајте кроасани и ставете ги во плех намастен со путер. Додајте брусница и суво грозје натопено во виски.
- Разматете јајца и шеќер, додајте екстракт од ванила, цимет, мускатно оревче, млеко, слатка павлака и смесата прелијте ја преку кроасанот. Преку ставете листови путер па печете во рерна на 180 степени 25-30 минути.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Иги“: