Пита со тиквици и сирење од готови кори

Пита со тиквици и сирење од готови кори

Вкусно предјадење кое брзо и едноставно се подготвува.

Состојки:

  • 16 готови кори
  • 2 тиквици
  • 200 гр ситно сирење
  • 4 лажици кисела павлака
  • малку свеж магдонос
  • 3 јајца
  • 1/2 прашок за печиво
  • сол
  • лук во гранули
  • 40 мл масло
  • 100 гр растопен путер за премачкување на корите

Начин на подготовка:

  1. Тиквиците изрендајте ги и исцедете ги од вишокот вода. Потоа додајте сирење, павлака, јајца, магдонос, лук, посолете по желба, и прашок за печиво. Соединете го филот.

     

  2. Секоја кора премачкајте ја со масло и путер, а на четвртата додајте фил. Свиткајте во ролна. Повторувајте го процесот додека имате материјал.

     

  3. Ролните премачкајте ги со масло и путер. Печете на 200 степени 25-30 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text