Плескавици со лута пиперка, кашкавал и сирење…
Состојки:
- 2 јајца
- 2 свежи пиперки
- 1 лута пиперка
- 150 гр сирење
- 3 моркови
- 60 гр кашкавал
- 2 компири
- сол
- бибер
Начин на подготоква:
- Згответе компири и кога малку ќе се изладат, изрендајте ги. Разматете јајца во длабок сад, па додајте компир, сирење и морков. Пиперките исечкајте ги ситно и додајте ги. Додајте и изрендан кашкавал, па зачинете по вкус и мешајте додека смесата не се соедини.
- Обликувајте плескавици, а потоа пржете ги на врело масло од двете страни. Украсете со рузмарин.
Добар апетит!