Оброк салата која ќе ве засити!
Состојки:
- 300 гр макарони
- сол по вкус
- 180 гр кисела павлака Пекабела
- 100 гр крем сирење
- 2 кисели краставички
- 150 гр ситно сечкана шунка Пекабеско
- 2 варени јајца
- 150 гр ситно рендан кашкавал
Начин на подготовка:
- Макароните згответе ги во посолена врела вода, процедете ги и оставете ги да се изладат. Јајцата обварете ги, излупете ги и изрендајте ги.
- Изладените макарони посолете ги, додајте рендани варени јајца, кисела павлака и крем сирење. Потоа измешајте ситно сечкани кисели краставички, ситно сечкана шунка и 100 гр ситно рендан кашавал. Сè измешајте како би соединиле состојките.
- Смесата префрлете ја во сад, рамномерно распоредете, посипете со рендан кашкавал (50 гр). Добро изладете и послужете.
Добар апетит!