Направете сами домашен чили сос со кој ќе го зачините денот…
Состојки:
- 50 гр црвени пиперки
- 100 гр чили пиперки
- 1-2 главици црвен кромид
- 4-5 чешниња лук
- 1 лажичка сушена пиперка
- 1 лажичка оригано
- сол
- бибер
- 1 лимон
- 2 листови ловор
- 120 мл вински оцет
- 120 мл маслиново масло
Начин на подготовка:
- Исечкајте ги пиперките и чили пиперките и ставете во блендер. Додајте кромид, малку сушена пиперка, оригано, вински оцет, кора од лимон, сок од лимон, измиксајте убаво и додајте ловоров лист. Ставете на оган, на половина час. Кога ќе биде готово, повторно додајте вински оцет и сок од лимон, малку маслиново масло. Изблендирајте со миксер па сервирајте со месо, зеленчук, риба…
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Иги“: