За само 15 минути подгответе одличен доручек!
Состојки:
- земички
- јајца, по едно за секоја земичка
- исечкана црвена пиперка
- рендано сирење
- исечкан кромид
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 200 степени и подгответе ги сите состојки. Исечете ги врвовите на земичките и извадете го лебот од средината.
- Наполнете ги земичките со сирење и пиперка, додајте по едно разматено јајце, малку сол и бибер. Ставете ги земичките во претходно загреана рерна и печете 10-15 минути.
Добар апетит!