Топчиња од црно и бело чоколадо – брзи и неодоливи

Топчиња од црно и бело чоколадо – брзи и неодоливи

Брзо и лесно подгответе вкусни бомбици од црно и бело чоколадо.

Состојки:

  • 100 гр бело чоколадо
  • 100 гр црно чоколадо
  • 1 лажица рум
  • 50 гр ф’стаци
  • 100 гр шеќер во прав
  • 200 гр марципан

Начин на подготовка:

  1. Марципанот измешајте го со шеќер, мелени ф’стаци и рум. Од смесата обликувајте топчиња.

     

  2. Белото и црното чоколадо посебно растопете ги на пареа, па секое топче потопете го во бело или црно чоколадо – цело или само до половина.

     

  3. Темниот дел на колачето испрскајте го со бело, а светлиот дел со црно чоколадо, како декорација.

     

  4. Оставете ги колачињата да отстојат, па ставете ги во хартиени корпички и послужете.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text