Чоколаден тарт по рецепт на Џејми Оливер

Чоколаден тарт по рецепт на Џејми Оливер

За сите љубители на чоколадо – совршен десерт по рецепт на славниот кувар.

Состојки:

  • 140 гр несолен путер
  • 150 гр чоколадо за готвење 70% какао
  • 8 лажици какао
  • малку сол
  • 4 јајца
  • 200 гр шеќер
  • 3 лажици слатка павлака

Начин на подготовка:

  1. Во чинија над тенџере со врела вода ставете путер, чоколадо, какао во прав и сол, и оставете да се растопат состојките. Повремено мешајте.

     

  2. Во друг сад разматете јајца и шеќер, да бидат кремасти, а потоа додајте слатка павлака. Измешајте, па додајте растопено чоколадо и соединете.

     

  3. Калап за тарт убаво обложете со тесто и ставете чоколадо преку. Ставете во загреана рерна и печете на 150 степени 40-45 минути. Оставете да се излади, па послужете.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text