Ако сакате совршено пире од компири, ова е рецепт за вас!
Состојки:
- 1,5 кг компири
- 200 гр крем сирење
- 60 гр путер
- 100 мл млеко
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Измијте, излупете и исечкајте ги компирите на коцки. Гответе ги во врела солена вода додека не омекнат.
- Потоа, процедете и вратете ги во сад. Додајте крем сирење и изгмечете ги додека не исчезнат грутките.
- Во мал сад на слаб оган растопете путер со млеко. Прелијте ги компирите и добро измешајте. Посолете, побиберете и веднаш послужете.
Добар апетит!