Без кори и тесто: Пита со тиквици спремна за половина час

Без кори и тесто: Пита со тиквици спремна за половина час

Не морате да месите тесто или да купувате кори, сите состојки ставете ги во тепсија и за половина час ќе добирте фантастична пита.

Состојки:

  • 3 тиквици
  • 2 јајца
  • 200 мл кефир
  • 2 лажици брашно
  • 80 мл маслиново масло
  • 10 гр прашок за печиво
  • бибер
  • сол
  • пипер
  • магдонос
  • чедар

Начин на подготовка:

  1. Тиквиците исчистете ги и исечкајте ги на коцки. Ставете ги во сад, па додајте јајца, кефир, брашно, маслиново масло, прашок за печиво и зачини. Добро измешајте сѐ да се соедини. Намастете тепсија со малку масло и ставете ја смесата па израмнете. Печете 30 минути на 180 степени. Потоа додајте рендан чедар и печете 5 минути на 180 степени.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text