Свинско со печурки по кинески рецепт

Свинско со печурки по кинески рецепт

Одличен рецепт за свинско месо на кинески начин.

Состојки:

  • 100 гр ориз
  • сол
  • 2 лути пиперчиња
  • 300 гр свинско филе
  • малку цимет
  • 500 гр брокули
  • 2 лажици сусамово масло
  • 1 лажица сусам
  • 400 гр шампињони
  • 2 лажици соја сос

Начин на подготовка:

  1. Ставете го оризот да се готви. За тоа време исчистете ги пиперките од семки и исечкајте ги на тенки ленти. Месото исечкајте го на коцки, посолете го и зачинете го со цимет. Брокулите исцепкајте ги на цветови.

     

  2. Загрејте масло во голема тава (не тефлонска), додајте пиперки и сусам. Ставете ги коцките месо и пржете со мешање. Додајте исчистени и исечкани шампињони. Додајте и брокули, малку вода и соја сос. Крчкајте околу 8 минути. Зачинете по желба со уште соја сос.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text