Похован качамак полнет со сирење

Похован качамак полнет со сирење

Вака подготвен качамак сигурно не сте пробале.

Состојки:

  • 200 гр пченкарно брашно
  • 600 мл вода
  • сол
  • 1-2 јајца
  • 4 лажици лебно брашно
  • 4-5 лажици презла
  • 100 гр сирење
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Во тенџере ставете вода и посолете, па кога ќе проврие згответе качамак. Оставете малку да се излади, а потоа вадете со лажица на намастени дланки. Во средина ставајте коцка сирење и притиснете од сите страни, па формирајте кнедла. Кнедлата извалкајте ја во лебно брашно, јајца, презла. Пржете во доста масло. Вадете на хартиени салфети.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text