Послужете како прилог со месо, како сос за тортиља чипс, како намаз за леб…
Состојки:
- 2 краставици
- грчки јогурт
- 1 чешне лук
- свеж копар
- сол
Начин на подготовка:
- Изрендајте краставици и добро исцедете ги. Ставете во чинија и прелијте со јогурт. Убаво соединете. Потоа посолете, додајте сечкан копар и ситно сечкан лук, па повторно измешајте. На крај ако сакате можете да прелиете со малку маслиново масло или сок од лимон.
Добар апетит!