За овој десерт потребни ви се само неколку минути…
Состојки:
- 300 гр боровница
- 4 белки
- шеќер во прав
- сок од 1/2 лимон
Начин на подготовка:
- Боровниците измешајте ги со шеќер во прав и сок од лимон, па гответе на слаб оган 5 минути. Измиксајте ги боровниците со миксер. Белките разматете ги во цврст снег и измешајте со боровници. Ставете во чинии и печете на 180 степени 20 минути. Украсете со шеќер во прав и боровници.
Уживајте!