Кога еднаш ќе ги пробате овие готвени домати, ќе ги правите на овој начин за секоја зима.
Состојки:
- 6 кг домати
- 2 лажици сол
- 4 лажици шеќер
- кромид
- луто пиперче
- целер
Начин на подготовка:
- Доматите добро измијте ги, исчистете ги и исечкајте ги на парчиња. Сомелете ги доматите во машина за мелење и процедете во посебна цедилка.
- Ставете во тенџере, додајте сол, шеќер и гответе. Кога ќе зоврие, гответе уште 10-15 минути.
- Шишињата загрејте ги во рерна, 10 минути на 100 степени. Врелиот домат ставете го во врели шишиња.
- На секое шише ставете парче целофан потопено во алкохол, стегнете со гумичка и ставете капачиња. Свиткајте ги шишињата во крпи и оставете ги 24 часа да се изладат.