Вкусен крцкав вегански сендвич

Вкусен крцкав вегански сендвич

Вкусен растопен крем од индиски ореви, неверојатно песто од авокадо на крцкав вкусен леб. Згответе вегански крцкав сендвич и уживајте во оброкот.

Еве што ви е потребно:

Состојки:

  • 190 г dmBio индиски ореви
  • 100 г сладок компир
  • 150 мл dmBio напиток од соја
  • малку мелена куркума
  • малку црвен пипер
  • 1,5 чешне лук
  • 10 г dmBio сенф
  • 100 мл dmBio крем за готвење од овес
  • малку dmBio црн бибер
  • малку сол
  • 1 врзоп магдонос
  • 40 мл dmBio маслиново масло
  • 4 лажици dmBio сок од лимон
  • 1 авокадо
  • 1 домат
  • малку свеж спанаќ
  • 2 кришки леб
  • малку dmBio масло за пржење
  • по желба: 1 лажица капарис

Начин на подготовка:

  1. За кремот, ставете 150 г. индиски ореви да отстојат во многу вода околу 2 часа (или да преноќат)
  2. За сосот од авокадо и магдонос потребни ви се исечкани ливчиња од магдонос, 40 г. индиски ореви, маслиново масло, 1/2 чешне лук, како и сок од лимон. Додадете ги во сад и блендирајте со рачен блендер. Излупете го авокадото, извадете ги семките и исечкајте го на коцки. Додадете го во смесата и зачинете со сол и бибер.
  3. Исечкајте го доматот на тенки парчиња.
  4. Двете кришки леб од едната страна намачкајте ги со масло за пржење. Од намачканите страни ставете ги во тава во која претходно сте ставиле масло и на среден оган внимателно загревајте ги додека не станат крцкави.
  5. Една од кришките намачкајте ја со пестото од авокадо и магдонос на непечената страна. Додадете ги доматите и малку спанаќ.
  6. Другата кришка намачкајте ја на неиспечената страна со кремот од индиски ореви.
  7. Поклопете ги една со друга, исечете ги на половина и сервирајте ги топли.
  8. По желба: Во мал сад со малку жешко масло пропржете капарис 2-3 минути. Внимателно извадете го капарисот од садот, исцедете го со кујнска хартиена крпа и сервирајте го на сендвичот.

Користени dmBio производи:

  1. dmBio индиски ореви, 150 г.
  2. dmBio органски сенф, 200 мл.
  3. dmBio крем за готвење од овес, 200 мл.
  4. dmBio масло за пржење, 750 мл.
  5. dmBio маслиново масло, 750 мл.
  6. dmBio куркума, 60 г.
  7. dmBio црн бибер, 70 г.

Повеќе информации за dm можете да најдете на нивната ВЕБ страница

 

ПРОЧИТАЈТЕ и рецепт за:

Кремаста веган паста

Вкусна крем чорба со куркума и кари