Солени мафини – одличен предлог за доручек

Солени мафини – одличен предлог за доручек

Се топат во уста…

Состојки:

  • 1 помала тиквица
  • 2 јајца
  • 50 гр сирење
  • 150 мл јогурт
  • 1/2 лажичка сол
  • 4 лажици пченкарно брашно
  • 1 лажица бело брашно
  • 2 лажици интегрално брашно
  • 1 лажица хељдино брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 5 лажици масло

Начин на подготовка:

  1. Тиквицата изрендајте ја и малку посолете, па оставете да отстои 10 минути да пушти вода, па исцедете.

     

  2. Разматете јајце со жица, додајте исцедени тиквици, јогурт, масло, сол, сирење, печиво и брашно. Добро измешајте убаво да се соедини.

     

  3. Ако смесата е ретка додајте уште малку брашно. Ставете во калапи за мафини, посипете од горе со печнкарен гриз и печете во калап на 220 степени 20 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text