Зимница од рерна: Пиперки со лук

Зимница од рерна: Пиперки со лук

Брза и вкусна зимница…

Состојки:

  • 5 кг пиперки
  • 5 лажици оцет
  • 1 лажица морска сол
  • 1 главица лук
  • листови целер
  • 100 мл масло

Начин на подготовка:

  1. Пиперките испечете ги на плотна, исчистете ги и извадете ги семките. Потоа искинете ги и ставете ги на решетка да се исцедат најмалку еден час, а најдобро преку ноќ. 
  2. Во длабок сад ставете масло, додајте пиперки и сол. Ставете во рерна и печете еден час, а пред крајот додајте оцет, целер и крупно сечкан лук. Пакувајте во стерилизирани тегли и добро затворете со метални капачиња. 
  3. Теглите ставете ги во рерна на 90 степени 90 минути. Оставете ги во тука до наредниот ден, цел ден нека се ладат, па наредете ги на полици со останатата зимница.

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text