Предлог за неделен ручек.
Состојки:
- 1 кг пилешко
- лук
- 1/2 кг шампињони
- магдонос
- сол
- бибер
- 2 лимони
- 1/2 чаша бело вино
Начин на подготовка:
- Исечкајте печурки на листови и потопете во вода закиселена со лимон. Пропржете карабатак или пилешко по желба на масло со ситно сечкан лук. На половина од пржењето додајте печурки, посолете, побиберете и додајте малку рендана кора од лимон. Оставете да се динста на средна температура. На крај додајте вино, сок од лимон и ситно сечкан магдонос, па оставте уште кратко да се динста.
Добар апетит!