Предјадење за секакви прилики: Италијанска салата

Предјадење за секакви прилики: Италијанска салата

Салата која сигурно ќе ви се допадне.

Состојки:

  • 200 гр компири
  • 200 гр кисели краставички
  • 200 гр мајонез
  • 200 гр моркови
  • 200 гр сремско сирење
  • 2 јајца
  • 2 чаши павлака Пекабела

Начин на подготовка:

  1. Направете прелив така што ќе измешате павлака и мајонез. Компирите сварете ги во лушпа и изрендајте ги.

     

  2. На дно на чинија ставете изрендани компири и премачкајте со прелив, па наредете краставици исечкани на кругови. Ставете малку прелив. Преку тоа изрендајте зготвени моркови, па повторно ставете прелив. Потоа ставете сремско сирење и повторно ставете прелив. Петтиот слој се варени јајца кои сте ги изрендале и преку нив исто така ставете прелив. Украсете со рендано фета сирење и ситно сечкан магдонос.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text