Вистинските домаќинки знаат како да ги искористат остатоците од храна…
Состојки:
- парчиња леб
- 200 гр шунка или паризер
- малку кашкавал
- кечап
- 1 јајце
- 100 мл млеко
- маслиново масло
- 100 гр сирење
- малку маслинки
- оригано
Начин на подготовка:
- Сирењето издробете го, додајте јајце и млеко и разматете со жица, додајте и малку маслиново масло и сѐ изедачете.
- Шунката и маслинките иситнете ги на коцки. Скеое парче леб потопете го во сирење и млеко и редете во намастен плех. Од горе ставете малку кечап,сечкана шунка и маслинки и по лист кашкавал.
- Посипете со оригано и повторно ставете малку кечап. Печете на 200 степени околу 15-20 минунти.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“: