Подгответе вкусни топчиња од тиквици…
Состојки:
- 2 тиквици
- 2 јајца
- 1 главица кромид
- 1 млад морков
- 3 чешниња лук
- 3 лажици спелтино брашно
- 5 лажици глатко брашно
- 1/2 прашок за печиво
- 2 лажици листови магдонос
- 1 лажица рендан пармезн
- 1 лажица сув зачин
Начин на подготовка:
- Тиквиците измијте ги и изрендајте ги, морковите, лукот и кромидот излупете ги и изрендајте ги. Додајте јајца, два вида брашно и лесно мешајте со лажица.
- Потоа додајте прашок за печиво, исечкан магдонос, сув зачин и пармезан. Добро соединете, намастете ги рацете со масло и правете топчиња префрлајќи ги од рака во рака.
- Доколку смесата е ретка додајте брашно. Топчињата редете ги во плех обложен со хартија за печење. Печете на 200 степени 30 минути.
Добар апетит!