Послужете со салата или прилог по желба.
Состојки:
- 600 гр пилешко филе
- 300 гр тиквици
- 1 главица кромид
- 1 морков
- 1 јајце
- сол
- бибер
- соја сос
- 3 лажици масло
- бешамел сос
Начин на подготовка:
- Месото исечкајте го на тенки парчиња и исчукајте го. Зачинете со соја сос, па посолете и побиберете.
- Во тава ставете масло и пропржете кромид исечкан на коцки и изрендани моркови и тиквици. Посолете и побиберете.
- Секое парче месо филувајте го и свиткајте. Редете во тепсија. Разматете јајце и прелијте преку месото, а потоа прелијте и бешамел сос. Печете 35 минути на 180 степени.
Добар апетит!