Деликатесна мусака:
Состојки:
- 1 кг. компири
- 1 шолја оиз
- 300 гр. сланина
- 1 кромид
- 2 лажички црвен пипер
- вегета
- сол
- бибер
Подготовка:
- Се лупи и сече на тенки кругови компирот, а оризот се мие, кромидот ситно се сече.
- Се мешаат 3 децилитри вода со 2 лажички вегета и 2 лажички црвен пипер.
- Се става маргарин во огноотпорен сад, па ред компири, зачини, па ориз, па кромид, мешавината со вода и зачини, па компири.
- Горе се става сланина.
- Се пече на 200 степени 45 минути.