Еве како се прави пинџур: Време е за подготовка на зимница

Еве како се прави пинџур: Време е за подготовка на зимница

Направете зимница лесно и едноставно.

Состојки:

  • 2,5 кг пиперки
  • 2,5 кг домати
  • 1 кг модри патлиџани
  • неколку лути пиперки
  • свеж магдонос
  • 3-4 чешниња лук
  • 350 мл масло
  • сол
  • шеќер
  • 200 мл вински оцет

Начин на подготоква:

  1. Пиперките, доматите и патлиџаните испечете ги. Потоа излупете ги и исечкајте ги на коцки. Пиперките исцепкајте ги на ленти. Почнете со готвење. Во тенџере ставете масло, оцет и домати,додајте лажица сол и лажица шеќер. Гответе додека водата не испари водата 50-60 минути. Потоа додајте пиперки и патлиџани, и продолжете со готвење. На крај додајте лук и ситно сечкан магдонос. Измешајте убаво да се соедини. 
  2. Во стерилни врели тегли ставете го зготвениот пинџур. Потоа убаво затворете и вратете во рерна на 90 степени еден час. Потоа исклучете и оставете да преноќат.

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text