Рецепт за почетници: Ѓувеч

Рецепт за почетници: Ѓувеч

Рецепт за ручек кој лесно се прави.

Состојки:

  • 500 гр пилешко
  • 200 гр суви ребра
  • 2 главици кромид
  • 6-7 свежи пиперки
  • 1 помала тиквица
  • 1-2 моркови
  • 2 домати
  • 1 компир
  • малку мелена црвена пипер
  • сув зачин или сол
  • мелен бибер
  • ловоров лист
  • масло

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете крупно сечкан кромид, додајте сечкани пиперки на коцки и пропржете.

     

  2. Додајте тиквици на коцки и компир, заедно со коцки суви ребра, па додајте зачин или сол, мелена пиперка, бибер и динстајте.

     

  3. Тргнете од шпорет. Додајте измиен ориз па измешајте. Тепсијата намастете ја со масло и наредете сечкани домати.

     

  4. Пилешкото посолете го, намастете го и ставете го во тепсијата. Печете на 210 степени околу 1 часа.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text