Оваа напивка уште ја нарекуваат и еликсир на младоста.
Состојки:
- 1 кг грозје
- 500 гр шеќер
- 1 лимон
- 2 стапчиња цимет
- 0,5 л вотка
- 1 дл ладна превриена вода
- 2 кесички ванилин шеќер
Начин на подготовка:
- Добро измијте го грозјето, па секој грозд пресечете го на половина. Лимонот добро измијте го и изрендајте кора, а сокот исцедете го.
- Во голема тегла ставете го грозјето, изренданата кора од лимон, сок од лимон, шеќер, ванилин шеќер и 2 стапчиња цимет.
- Сѐ прелијте со 0,5 л вотка и 1 дл ладна превриена вода. Теглата добро затворете ја и ставете ја на темно и ладно место минимум 4 недели. По тој периот процедете го ликерот во стаклено шише.