Предлог за ручек: Маренго телешко

Предлог за ручек: Маренго телешко

Вкусно телешко месо – меко и сочно…

Состојки:

  • 2 главици кромид
  • 750 гр телешко без коски
  • 2 лажици брашно
  • 1 дл супа
  • 1 дл бело вино
  • сол
  • бибер
  • ловоров лист
  • мајчина душица
  • магдонос
  • 2 лажици доматно пире
  • 100 гр шампињони

Начин на подготоква:

  1. Во тава загрејте масло и ставете ситно сечкан кромид, кога малку ќе се пропржи додајте телешко исечкано на коцки. Динстајте 20 минути, па посипете со сечкан магдонос и брашно. Потоа ставете супа и бело вино и измешајте. Посолете, побиберете, ставете ловоров лист и мајчина душица и гответе поклопено на тивок оган 1,5 часа. Потоа додајте доматно пире и исечкани печурки, па гответе уште половина час.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text