Брз и едноставен ручек: Запечено пилешко со тиквици

Брз и едноставен ручек: Запечено пилешко со тиквици

Овој вкусен оброк лесно се прави – готов е за миг!

Состојки:

  • 2 тиквици
  • 2 парчиња пилешко филе
  • сол
  • бибер
  • 30 гр кисела павлака Пекабела
  • 2 јајца
  • 150 гр кашкавал

Начин на подготовка:

  1. Тиквиците исечкајте ги на коцки и посолете. Пилешкото исто исечкајте го на коцки и додајте во садот каде што се тиквиците. Додајте јајца и малку сол, бибер и павлака. Убаво измешајте и ставете во намастена тепсија. Печете на 180 степени 30 минути. Извадете од рерна и додајте малку изрендан кашкавал. Печете уште 10 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text