Одличен рецепт за пица ролат…
Состојки:
- 1/2 кг готови кори
- 4 јајца
- 200 мл јогурт
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка прашок за печиво
- 100 мл масло
- 4 лажици брашно
- кечап
- рендан кашкавал
- шунка
- свежи печурки
- оригано
- сусам
Начин на подготовка:
- Направете фил за премачкување на корите. Разматете јајца, додајте масло, јогурт, сол, прашок за печиво и брашно. Убаво соединете. Секоја кора премачкајте ја со фил, десет пати. Десетата кора премачкајте ја со кечап, додајте шунка, кашкавал, печурки и оригано. Свиткајте во ролат. Премачкајте со остатокот од филот и посипете сос сусам. Печете на 180 степени околу 30 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“: