Направете мали солени кекси.
Состојки:
- 300 гр. брашно
- 70 мл. вода
- 70 мл. млеко
- 8 гр. квасец
- 1 прстофат шеќер
- 1 лажиче сол
- 2 лажици маслиново масло и малку морска сол
Подготовка:
- Се меша вода со млеко и се загрева.
- Се раствара квасец со малку шеќер, а брашното се меша со сол.
- Се става се заедно со маслиново масло и се меси тесто.
- Се премачкува со лажица маслиново масло и се става во кесе да нарасне двојно.
- Се развлекува на работна маса со брашно и се вадат 10 круга, се ставаат на плех со хартија.
- Се става морска сол на секое.
- Се печат на 180 степени додека не поруменат убаво.
Поврзани вести на Gotvi.mk:
Чоколадни топчиња што се топат во уста