Гулаш кој ќе ве воодушеви

Гулаш кој ќе ве воодушеви

Кога еднаш ќе го пробате овој гулаш ќе ви стане омилено јадење.

Состојки:

  • 300-400 гр свински бут
  • 400 гр сува сланина Пекабеско
  • 2 дл слатка павлака
  • слатка мелена црвена пиперка
  • 2 главици кромид
  • 1 пиперка бабура
  • 1 лажица доматно пире
  • 300 гр маст

Начин на подготовка:

  1. Месото исечкајте го на ленти, посолете, посипете со брашно и пропржете на врела маст. Додајте сланина исечкана на коцки и ситно сечкан кромид. Добро пропржете, па додајте мелена црвена пиперка и пиперка исечкана на ленти. Залијте со вода и динстајте. После некое време додајте доматно пире и сол. Кога гулашот ќе биде готов додајте слатка павлака и измешајте.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text