Гибаница со кашкавал и мелено месо

Гибаница со кашкавал и мелено месо

Гурманска гибаница со мелено месо.

Состојки:

  • 500 гр. кори за пита
  • 500 гр. мелено месо
  • 300 гр. кашкавал
  • 5 јајца
  • 1 лажица презла
  • 1 кромид
  • 0,5 дл. масло
  • сусам, сол и бибер

Подготовка:

  1. Се сече кромидот ситно, се матат посебно 4 белки во снег, а во друг сад се соединуваат жолчките со месото и кромид, презла и зачини, како и рендан кашкавал.
  2. Се додаваат и белките и се меша да се соедини.
  3. Се делат корите на два дела.
  4. Се прска првата со масло и се става друга кора на неа во плех со масло. Се става фил, па трета кора.
  5. Така додека има кори и фил, се завршува со кора.
  6. Се премачкува со изматено јајце и се става сусам, се сече на коцки.
  7. Се пече на загреана рерна на 200 степени додека не порумени убаво.

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

 

singlepost_text