Подгответе го ова вкусно јадење и уживајте!
Состојки:
- 2 јајца
- сол
- бибер
- 50 гр пармезан
- магдонос
- пилешки гради
- маслиново масло
- путер
- 70 гр брашно
- 1 чаша бело вино
- 100 мл бујон
- 2 чешниња лук
- сок од половина лимон
Начин на подготовка:
- Измешајте јајца, сол, бибер и пармезан, па додајте магдонос и измешајте.
- Пилешкото бело месо пресечете го на половина но не до крај (како што е прикажано во видеото). Извалкајте го во брашно, па во смеса со јајца и пржете во маслиново масло и путер додека не биде готово, потоа ставете го на чинија.
- Додајте во тавата бело вино, бујон, лук, сок од лимон, путер и магдонос. Пригответе го сосот, па вратете го месото во него.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Иги“: