Домат пелат во тегли: Ниту еден италијански сос не му е рамен

Домат пелат во тегли: Ниту еден италијански сос не му е рамен

Згответе тестенини, додајте го овој домат и уживајте во вкусниот оброк.

Состојки:

  • 2 кг домати
  • 2 лажички шеќер
  • 2 лажички сол
  • малку свеж босилек

Начин на подготовка:

  1. Доматите засечете ги, па спуштајте прво во врелавода на 30 секунди, потоа од врелата во ладна вода на 30 секунди. Со оваа постапка доматите убаво ќе се излупат од кожата

     

  2. Излупете ги доматите и сечете ги на половини или четвртини. Редете во стерилизирани тегли, и додајте листови босилек по желба и вкус. Добро затворете. Потоа гответе во вода 35-40 минути. Оставете да се изладат, најдобро преку ноќ.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text