Брз и вкусен ручек…
Состојки:
- 300 гр мелено месо
- 1 јајце
- 1 главица кромид
- 4 чешниња лук
- кора од леб
- зачин, сол, пипер, бибер
Состојки за сос:
- 1/2 шолја масло
- 1 лажица брашно
- 200 мл варен домат
- малку зачин
- малку шеќер (по желба)
Начин на подготовка:
- Кромидот и лукот ситно исечкајте ги и додајте го месото. Во таа смеса додајте јајце, исечкана кора од леб, зачин, сол, пипер и бибер. Добиената смеса изедначете ја со раце.
- Со раце обликувајте мали ќофтиња и пржете ги на масло. Готовите ќофтиња ставете ги на салфети како би се исцедиле маснотиите.
- Испржете 1/2 шолја масло и брашно додека не зарумени. Додајте го варениот домат и мешајте за да не се создадат грутки. Додајте малку вода. Сосот гответе го 2-3 минути, а потоа додајте малку зачин и малку шеќер. Сосот послужете го како прилог со ќофтето.
Добар апетит!