Топли сендвичи за појадок

Топли сендвичи за појадок

Вкусни топли сендвичи приготвени на посебен начин. Еве го рецептот:

Состојки:

  • леб
  • млеко

Состојки за смеса:

  • 250 гр Пекабеско шунка
  • 250 гр сирење или кашкавал
  • 2 мали чаши павлака Пекабела
  • 1 јајце
  • сол
  • зачини (по вкус)

Начин на подготовка:

  1. Шунката исечкајте ја на тенки коцки. Сирењето или кашкавалот изрендајте го.
  2. Измешајте ги заедно со павлака, јајце, сол и зачини. Ако сакате вкус сличен на пица, додајте малку оригано.
  3. Лебот исечкајте го на тенки парчиња, потопете ги парчињата од долната страна во млеко и ставете на намастен плех.
  4. На секое парче леб ставете по 1-2 лажици од смесата, преклопете со друго парче леб, исто потопено во млеко од едната страна. Ние на средина, врз смесата, ставивме и шунка на ленти.
  5. Печете на 150-180 степени додека сирењето/кашкавалот не се растопи. Врз секој сендвич при сервирањето може да изрендате кашкавал кој ќе се растопи и ќе даде дополнителен шмек и изглед.

Добар апетит!

Повеќе рецепти со производите на Пекабеско погледнете ТУКА

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Солена торта од компири

Солена торта со зеленчук, шунка и кашкавал

Пиперки со кулен и кајмак – Рецепт со кој ќе ги приготвите за 10 минути

Салата „Метропол“

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

singlepost_text