Вкусни пиперки полни кашкавал и сирење како деликатес на вашата трпеза.
Состојки:
- 10 пиперки
- 150 гр. кашкавал
- 200 гр. сирење
- 1 домат
- 1 лажица крем сирење
- 1 лажица мајонез
- 2 јајца
Подготовка:
- Се мијат и сечат по должина пиперките и им се тргаат семките.
- Се сече на коцки ситно кашкавалот, се рони сирењето, се лупи и се сече само мекиот дел од доматот и се става се во сад со јајца и по желба магдонос.
- Се полнат пиперките, па се редат на сад за печење.
- Се печат на загреана рерна на 180 степени додека не поруменат.
Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:
Брза похована даска кога ќе се најават гости
ФОТО: Традиционална македонска даска
Омилената даска за мацкање на Влатко
Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки
Пржени лепчиња – омилениот викенд вкус