Брзо јадење кое ќе го обожавате.
Состојки:
- 150 гр павлака за готвење
- 350 гр шпагети
- 8 парчиња сувомеснато
- 150 гр путер
- 280 смрзнат или свеж грашок
- 1 лажица сок од лимон
- малку рендана кора од лимон
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Згответе тестенини ал денте и сочувајте една мала шолја вода од готвењето.
- Загрејте путер, додајте павлака за готвење, грашок и сувомеснато исечкано на мали парчиња па гответе на слаб оган 5 минути.
- Измешајте кора од лимон и сок од лимон, па прелијте по шпагетите. Посолете и побиберете.
Добар апетит!