Совршен десерт: Нутела во чаша

Совршен десерт: Нутела во чаша

Брз и неодолив десерт…

Состојки:

  • 260 гр кремасто сирење
  • 60 гр Нутела
  • 2 лажици шеќер
  • 1 кесичка шлаг
  • 30 гр чоколадни парчиња
  • 120 мл млеко

Начин на подготовка:

  1. Шлагот обработете го со 120 мл млеко по упатството на кесичката. Сирењето измешајте го со Нутела, шеќер и додајте во тоа половина од шлаг смесата па со жица добро измешајте убаво да се соедини. Додајте чоколадни парчиња и повторно измешајте.

     

  2. Распоредете Нутела смеса во чаши, па украсете со останатиот шлаг и ситно сечкано чоколадо.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text