Интегрални, а превкусни стапчиња. Мезе, појадок, ручек за работа или вечера.
Состојки:
- 350 гр. интегрално брашно
- 1 шолја млака вода
- 1 јајце
- 50 гр. маргарин
- 1 лажиче хималајска сол
- ½ кеси прашок за пециво
Подготовка:
- Се растопува маргаринот во сад и се додава јајце и сол.
- Се меша па постепено се става и брашно и прашокот за пециво.
- Се става на крај млаката вода и се прави тесто кое се остава 30 минути да нарасне, па се развлекува и се прават правоаголници кои се редат на плех и се печат на 200 степени додека не поруменат убаво.
- По желба премачкајте ги пред печење со јајце и сусам.
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта