Вкусна салата која ќе ја обожавате!
Состојки:
- 400 гр тестенини
- 100 гр рукола
- 4 домати
- 1/2 главица црвен кромид
- 12 маслинки без коски
- 2 лажици зачински билки (оригано, магдонос, босилек…)
Состојки за прелив:
- 6 лажици маслиново масло
- 2 лажици сок од лимон
- 1 чешне лук
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Згответе тестенини.
- Подгответе прелив така што во сад ќе ги измешате состојките за прелив.
- Исечкајте зеленчук, измешајте го со тестенини и измешајте прелив. Посипете со маслинки и зачински билки.
Добар апетит!