Рецепт за почетници: Како да направите мусака

Рецепт за почетници: Како да направите мусака

Следете ги чекорите и подгответе вкусен ручек.

Состојки:

  • 500 гр мелено месо
  • 1 кг компири
  • 1 главица кромид
  • 1 кисела павлака
  • 4 јајца
  • 40 мл млеко
  • сол
  • бибер
  • сув зачин
  • слатка зачинска пипер

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете кромид и месо, зачинете по вкус. Компирите исечкајте ги на тенки кругови. Редете по намастен сад, прво компир, зачинете по вкус, па додајте месо и така додека имате материјал. Последниот ред треба да бидат компири. Во посебен сад разматете јајца, додајте павлака и млеко и сѐ соединете. Прелијте преку мусаката. Печете на 200 степени 45 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text