Совршен рецепт за почетници: Ловечки шницли

Совршен рецепт за почетници: Ловечки шницли

Можете да ги послужите со макарони или компири…

Состојки:

  • 700 гр шницли од јунешки бут
  • 1 главица кромид
  • сол
  • бибер
  • брашно
  • црно вино

Начин на подготовка:

  1. Месото исчукајте го и поделете го парчиња. Потоа посолете и побиберете па извалкајте во брашно и испржете во малку масло. Потоа извадете, па во тавата додаајте уште малку масло и сечкан кромид. Кога кромидот ќе се пропрж додајте малку брашно и вратете го месото. Потоа додајте вода и малку црно вино. Поклопете и динстајте додека месото не омекне. Ако има потреба додајте уште малку вода.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text