Домашна штрудла со џем од шумско овошје: Десерт кој ќе ве врати во детството

Домашна штрудла со џем од шумско овошје: Десерт кој ќе ве врати во детството

Десерт кој брзо се спрема, а сите состојки веќе ги имате во кујна.

Состојки:

  • 1 шолја растопен путер
  • 1 шолја павлака
  • 3 шолји брашно
  • прашок за печиво
  • домашен џем од шумско овошје
  • малку шеќер во прав
  • ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. Ставете во сад растопен путер, мала шолја павлака, брашно и прашок за печиво и сите состојки соединете ги и замесете тесто.

     

  2. Потоа подготвеното тесто развлечете го и сечете го во правоаголни облици. Тестото премачкајте го со џем и свиткајте во облик на штрудла.

     

  3. Ставете во рерна загреана на 180 степени да се пече околу 20 минути.
  4. Изладените штрудли извалкајте ги во шеќер во прав.

     

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text