Вкусни палачинки без млеко и јајца…
Состојки:
- 100 гр меко брашно
- 8 лажички мед
- 1 лажичка сусам
- 1 лажичка маслиново масло
- 200 мл вода
Начин на подготовка:
- Брашното ставете го во сад, постепено додавајте вода и мешајте за да не се создадат грутки. Додајте, исто така постепено, половина од медот (4 лажички).
- Загрејте тефлонска тава, ставете сусам и пржете го додека не добие убава жолта боја. Префрлете го во сад.
- Во тава загрејте масло, ставете една четвртина од смесата, така што ќе обликувате палачинка.
- Печете ја палачинката додека не пожолти. Повторувајте ја постапката додека не ја потрошите смесата (4 палачинки).
- Печените палачинки премачкајте ги со останатиот мед, посипете со сусам и послужете.
Уживајте!