Вкусна чорба со грав и сланина

Вкусна чорба со грав и сланина

Калорична чорба со грав и сланина.

Состојки:

  • 3 л супа
  • 1 конзерва варен бел грав
  • 2 лажици сечкан рузмарин
  • 2 чешниња лук
  • 10 парчиња чадена сланина Пекабеско
  • 4 моркови
  • 2 главици кромид
  • стебло целер
  • 1/3 главица зелка
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Зеленчукот исчистете го и ситно исечкајте го. Ставете во тенџере, додајте исцеден грав кој сте го зготвиле тој или претходниот ден, потоа сечкан лук, сланина и рузмарин.

     

  2. Сè прелијте со супа, посолете и побиберете во желба, па гответе околу половина час на средна температура.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text