Воздушен десерт со банани кој се топи во уста.
Состојки:
- 600 гр. шеќер
- 3 кеси желатин (30 гр.)
- 300 мл. вода
- 1 екстракт од банана
- 150 гр. чоколадо
- малку путер и масло
Подготовка:
- Се варат 600 грама шеќер со 200 мл. вода, 4-5 минути да се растопи шеќерот.
- Се ставаат 3 кеси желатин во 100 милилитри вода.
- Се ставаат кога ќе набабрат во смесата со шеќер и вода.
- Се мати смесата 15 минути да биде густа.
- Се додава екстракт од банана.
- Се става во плех намастен и се лади, се сечат коцки и се прелеваат со топено чоколадо горе или по желба со шлаг.
Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:
Брза похована даска кога ќе се најават гости
ФОТО: Традиционална македонска даска
Омилената даска за мацкање на Влатко
Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки