Деликатес од стар леб и тиквици.
Состојки:
- ½ кг. стар леб
- 4 дл. млеко
- 2 тиквици
- 1 бабура
- 1 кромид
- 100 гр. сланина или пршута
- 5 јајца
- 4 лажици кисела павлака
- 100 гр. кашкавал
Подготовка:
- Се сече на коцки лебот и му се става млеко.
- Се цеди со раце по неколку миути.
- Се рендаат тиквичките, се мешаат со сечена бабура и кромид.
- Се пржат на малку масло, се става сечено сувомеснато по избор, се ставаат зачини.
- Се матат јајцата, се става сол и павлака и се меша се заедно, лебот со зеленчук и јајцата.
- Се става во плех со рендан кашкавал и се пече на 180 степени додека порумени.
Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:
Брза похована даска кога ќе се најават гости
ФОТО: Традиционална македонска даска
Омилената даска за мацкање на Влатко
Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки
Пржени лепчиња – омилениот викенд вкус