Рецепт за совршен гурмански ручек.
Состојки:
- 1/2 кг мелено месо или готово месо за плескавици
- малку шунка или друга салама
- малку кашкавал
- компири за прилог
Начин на подготовка:
- Ако плескавиците ги правите од мелено месо, нека биде сомелено два пати. Може и мешавина од јунешко и свинско. Додајте сол, малку сода бикарбона или прашок за печиво и замесете со кисела вода. Месото поделете го на мали топчиња.
- Топчињата развлечете ги во плескавици па на нив ставете по малку шунка и листови кашкавал. Од горе ставете друга развлечена плескавица па свиткајте од страните. Редете во плех обложен со хартија за печење.
- Компирите посолете ги, додајте малку сув зачин, 1 лажичка зачинска пиперка и масло. Измешајте. Ставете во плех и распоредете покрај плескавиците. Печете на 220 степени.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“: